Се шпекулираше дека хрватскиот селектор, Златко Далиќ ќе ја напушти хрватската репрезентација по неуспехот на Европското првенство, но засега тој се уште е на клупата.
Меѓутоа сега хрватските медиуми пренесуваат дека Далиќ нема да чека премногу на нов ангажман и ако замине.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, тој добил понуда да седне на тренерското столче на Ал Итихад. Клубот од Џеда каде што играат: Бензема, Канте, Фабињо…му понудил плата од 20 милиони евра по сезона.
Во овој момент се чека одговорот на Далиќ, меѓутоа и одговорот на Хрватскиот фудбалски сојуз бидејќи неговиот договор со репрезентацијата е до 2026 година.
Ќе потсетиме, Хрватска на Европското првенство настапот го заврши со елиминацијата во групната фаза.