Дома Фудбал Далиќ најави големи промени во Хрватска: Ќе морам да повикам нови играчи

Далиќ најави големи промени во Хрватска: Ќе морам да повикам нови играчи

На репрезентацијата на Хрватска не оди во псоледниот период и по последните резултати, поразите од Турција и Велс „коцкестите“ стравуваат за својот пласман на Европското првенство 2024 година.

Секако при лоши резултати прв на удар е селекторот. Златко Далиќ добива критики од јавноста, а тој најави дека е време за промени во репрезентацијата. Претходно Далиќ не сакал многу да менува поради добрите резултати, но сега и е сигурен дека е време за такво нешто.

„Одигравме лошо и мораме да бараме подобри решенија. И претходно сакав да видам некои нови играчи, но тешко е да правите промени кога имате добри резултати.

Сега дојде моментот за одреден рез, мораме да го освежиме тимот со нова енергија. Не сакам да откривам имиња, меѓутоа дефинитивно мораме да излеземе од комфорната зона“ изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…