Дома Останати Кошарка НБА Далас им се врати на победите, Дончиќ за малку до трипл-дабл 🎥

Далас им се врати на победите, Дончиќ за малку до трипл-дабл 🎥

Тимот на Далас стигна до петтата победа во шестиот натпревар сезонава откако на домашен терен славеше против Шарлот Хорнетс со 124:118.

Победата на Далас ја обезбеди со подобрата игра во второто полувреме, првото во целост им припадна на Хорнетс кои на пауза заминаа со цели 15 поени предност.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вторите 24 минути кошаркарите на Далас постигнаа 74 поени и така се вратија на победничките патеки по поразот од Денвер кој засега им е единствен во сезоната.

Прво име кај Далас и во овој натпревар беше Лука Дончиќ кој беше многу блиску до трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 12 скока и девет асистенции. Сепак, словенечкиот кошаркар имаше лош шут за три поени (1/9), но тоа го надополни со други елементи.

Лонзо Бол на спротивната страна стигна до трипл-дабл од 30 поени, 10 скока и 13 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Феникс 106-120

Сан Антонио – Торонто 116-123

Кливленд – Голден Стејт 115-104

Далас – Шарлот 124-118

Портланд – Мемфис 100-112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…