Дома Фудбал Англија Давид Луиз одби да тренира со Челси бидејќи сака да потпиша за градскиот ривал

Давид Луиз одби да тренира со Челси бидејќи сака да потпиша за градскиот ривал

luiz

Бразилскиот дефанзивец Давид Луиз во самиот финиш на преодниот рок би можел да го напушти Челси.

Познато е дека летниот преоден рок во Англија трае до почетокот на новата сезона, а првото коло во ПЛ се игра веќе во петок. Клубовите имаат уште нешто повеќе од 24 часа да се обидат да донесат засилувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во англиските медиуми се појави информација дека Давид Луиз би можел да го напушти Челси. Искусниот 32-годишен дефанзивец веројатно нема да биде во почетната постава на Френк Лампард, што секако не му се допаѓа.

Медиумите од Островот објавија дека Луиз денеска одбил да тренира со екипата и побарал трансфер. Наводно, за него интерес покажува Арсенал и Бразилецот нема ништо против да потпиша за градскиот ривал.

Луиз со Челси има договор на уште две години, но се поголеми се шансите уште ова лето да ги напушти Сините. Токму Бразилецот може да биде толку посакуваното засилување во дефанзивната линија на Арсенал и сигурно ќе биде интересно да го следиме расплетот на целата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…