Бразилскиот дефанзивец од редовите на Челзи, Давид Луиз повеќе не е во плановите на менаџерот на Челзи, Антонио Конте кој најверојатно ќе му дозволи да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.
Според сите најави, Луиз ќе ги засили редовите на Реал Мадрид и на 30 години веројатно ќе го направи најголемиот трансфер во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сеуште нема информации за сумата која „кралевите“ ќе ја понудата за Бразилецот, но се претпоставува дека таа ќе изнесува околу 30 милиони евра.
За Давид Луиз ова беше втор мандат во Челзи. Пристигна од ПСЖ во 2016 година, а претходно во Лондон настапуваше од 2011 до 2014 година.