Дома Фудбал Репрезентации Група деца се мачеа да го гледаат Африканскиот куп на Нации, а тогаш се појави Мехди Бенатија

Група деца се мачеа да го гледаат Африканскиот куп на Нации, а тогаш се појави Мехди Бенатија

Поранешниот играч на Јувентус и Баерн Минхен, Мехди Бенатија овозможи на група деца од Мароко да го гледаат Афричкиот куп на Нации.

Со оглед дека поголема група немаа телевизор за да го гледаат долгоочекуваниот натпревар помеѓу Мароко и Брегот на Слоновата Коска мораа да импровизираат. Тие се собраа околу мобилен телефон и го гледаа натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографијата набрзо се прошири на интернет, а набрзо беше започната акција за на децата да им биде овозможено нормално да ги следат идните натпревари на турнирот.

Тогаш во акцијата се вклучил Мехди Бенатија кој на децата им обезбедил голем телевизор и опрема да за да ги гледаат натпреварите.

Бенатија подоцна се огласи на друштвените мрежи: Кога ќе видите нешто вакво посакувате само да им помогнете. Ова е за вас момци, ќе се обидеме да ве направиме среќни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…