Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гризман со брутален одговор за Куртоа: Ти зборуваш за антифудбал, а играш во Челзи!?

Гризман со брутален одговор за Куртоа: Ти зборуваш за антифудбал, а играш во Челзи!?

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман му одговори на белгискиот голман Тибо Куртоа кој после поразот во полуфиналето ги обвини „триколорите“ дека играат антифудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Куртоа му сметало тоа што Французите после постигнатиот гол од корнер играле само одбрана.

„Дали Куртоа мисли дека во дресот на Челзи игра во стилот на Барселона? Воопшто не ме интересира како, само сакам да ставиме втора ѕвезда на дресот“, кратко и јасно прокоментира Гризман.

Куртоа играше во Атлетико Мадрид каде што сега игра Гризман, а и таму тренерот Диего Симеоне е познат по дефанзивниот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…