Дома Трансфер зона Гризман сигурно останува во Барселона!

Гризман сигурно останува во Барселона!

Ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман сигурно ќе остане во клубот, открива каталонски „Спорт“.

Весникот тврди дека Французинот добил уверение од раководството дека клубот ќе смета на него и во иднина. Оваа вест доаѓа неколку дена после информацијата дека неговиот агент побарал средба со челните луѓе на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гризман минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ за 120 милиони евра како големо засилување, но оваа сезона имаше многу тешки моменти. Во последно време се почесто останува на клупата за резерви, а се зборува дека не е во добри односи со капитенот Лионел Меси.

Поради тоа се појавија шпекулации дека Барселона би можела да го продаде ова лето, но раководството воопшто не размислува за такво нешто.

Челните луѓе лично го увериле Французинот дека сметаат на него и воопшто не размислуваат за разделба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…