Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гризман: Како дете сонував да играм во финале на Светско

Гризман: Како дете сонував да играм во финале на Светско

Еден од најдобрите француски фудбалери, Антоан Гризман призна дека ова за него е натпревар на кариерата и дека уште како дете сонувал да игра во финале на Светско првенство.

Гризман не го интересира дали ќе постигне гол во финалето, туку во мислите му е само трофејот од Мундијалот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Уште како дете сонував да играм во финале на Светско првенство. Ако ги прашате сите млади играчи, тие, исто така, ќе ви кажат дека мечтаат за овој натпревар“, истакна Гризман.

„Не е важно дали ќе успеам да постигна гол. Јас само сакам да го освојам шампионскиот трофеј на Мундијалот. Имаме потенцијал за такво нешто, веруваме во нашите квалитети. Ќе може да сметаме на сите играчи. Се надеваме дека ќе бидеме шампиони“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…