Дома Трансфер зона „Граѓаните“ се фантастични, но Пеп НЕ е задоволен има нови мети!

„Граѓаните“ се фантастични, но Пеп НЕ е задоволен има нови мети!

guardiola

Гвардиола сака да се обезбеди…

Манчестер Сити оваа сезона игра неверојатно во Премиер лигата. После 17 кола тие се убедливо лидери на табелата, а во вчерашниот натпревар повторно стигнаа до убедлива победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Граѓаните“ ги совладаа скоро сите најголеми ривали во борбата за титулата, останува уште натпреварот со Тотенхем кој ќе одиграат веќе оваа сабота.

Сити го има убедливо најдобриот напад во лигата со 52 постигнати гола, но и најдобрата одбрана во лигата, заедно со Јунајтед имаат примено само 11 погодоци.

Сепак Гвардиола не сака ништо да препушти на случајноста и сака да ја засили задната линија, посебно после повредите на Стоунс и Компани, а според последните информации на мета на шпанскиот стратег се двајца фудбалери.

Првата желба е Ван Дајк за кого веројатно „граѓаните“ би морале да го соборат светскиот рекорд. Да потсетиме од „Сент Мери“ минатото лето одбија големи понуди од Ливерпул за овој фудбалер.

Втората и многу поефтина опција е фудбалерот на Реал Сосиедад, Иниго Мартинез.

Искусниот Шпанец и во текот на летото беше на радарот на Манчестер Сити, но на крајот двете страни не успеаа да се договорат, а познато е дека интерес за неговите услуги покажа и Барселона.

Се очекува Сити во наредните недели и официјално да покаже интерес за овие двајца фудбалери.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …