Сопственикот на полскиот ракометен првак, Киелце, Бертус Сервас, иако најави дека ако не добијат пари од градот нема да играат во Лигата на шампионите и во полскиот шампионат, сепак излезе со друг став пред јавноста. Потоа ги смируваше тензиите и изјави дека банкрот не е опција, па без разлика дали градот ќе ги спонзорира дополнително, клубот ќе продолжи да игра на високо ниво. Сепак, по седницата на општината, одлучено е дека нема да му дадат дополнителни финансии на клубот.

Во 2016 Бертус Сервас првпат побара помош од половина милион евра и тоа требаше да биде еднократна помош. Во 2017 повторно побара, со тоа што беше нагласено дека од тоа зависи иднината на клубот. Одвоивме пари, иако имаше големо незадоволство на администрацијата. Со тоа требаше да биде решен проблемот. Сега бараат еден милион евра и тоа однапред за следната сезона. Јас не се осмелувам да одвојам таква сума од другите субјекти“, изјави Војчех Лобевски, претседателот на Советот на општина Киелце.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…