Дома Фудбал Италија Го чека суспензија: Манџукиќ неспортски го удрил Ромањоли (ВИДЕО)

Го чека суспензија: Манџукиќ неспортски го удрил Ромањоли (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус вчера после пресврт славеа на свој терен во италијанското дерби против Милан.

Во ова дерби со оглед дека Јувентус го очекува натпреварот против Ајакс во Лигата на шампионите во среда, Алегри настапи во малку изменет состав.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа „старата дама“ успеа да стигне до победата и сега има 21 бод повеќе во однос на Наполи и никој не го доведува во прашањ новото Скудето кое Јувентус официјално може да го прослави и денес (ако Наполи изгуби од Џенова).

На овој натпревар имаше неколку дискутабилни одлуки на главниот судија на натпреварот. Во првото полувреме не беше досуден пенал за Милан, а во второто поништи гол на Јувентус (тука).

Освен тие ситуации денес во центарот на вниманието е и уште еден детал, а тоа дуелот на Марио Манџукиќ со играчите на Милан.

Манџукиќ прво го удри Алесио Ромањоли, а потоа влезе во судир со Криштоф Пјонтек кој беше бесен на играчот на Јувентус поради неспортскиот потег.

Медиумите на Апенините пренесуваат и дека Манџукиќ би можел да заработи суспензија поради овој потег. Со сигурност ова ќе биде ситуација која ќе ја разгледува Дисциплинската комисија на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…