Дома Фудбал Италија Милан не доби пенал, а на Јувентус му беше поништен гол после смешен пад на Пјонтек (ВИДЕО)

Милан не доби пенал, а на Јувентус му беше поништен гол после смешен пад на Пјонтек (ВИДЕО)

Судирот на двата најтрофејни италијански клуба на „Алијанц стадионот“ му припадна на домаќинот. Јувентус со пресврт славеше 2:1 и така создаде предност од 21 бод во однос на Наполи кој денес го игра својот натпревар против Џенова.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот во Торино беше обележан со лошото судење на Михаел Фабри кој евидентно ако судиме по вчерашната средба не е дораснат да суди дерби натпревари иако во јануари ја доби ФИФА значката.

Фабри во првото полувреме после прегледувањето на ВАР снимките не досуди пенал за гостите после играта со рака во шеснаесетникот на Алекс Сандро. Ја гледаше повторената снимка, но неговото судиско убедување беше дека нема пенал.

Во второто полувреме тој им нанесе штета и на домаќините. После еден корнер поништи гол на Моис Кин бидејќи наводно Леонардо Бонучи го фаулирал Криштоф Пјонтек иако полскиот напаѓач сам падна во својот шеснаесетник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Омерагиќ и ФФМ со поддршка за иницијативата јужната трибина да се вика Васил Рингов

Навивачите на ФК Вардар за време на денешниот натпревар против ФК Силекс (2-1) уште еднаш …