Дома Видео Го исфрлија од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување на новинарка (видео)

Го исфрлија од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување на новинарка (видео)

Младиот француски тенисер Максим Хаму е протеран од Ролан Гарос поради сексуално вознемирување на новинарка додека таа имала пренос во живо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарката на Еуроспорт имала интервју со Хаму, кога тој најпрвин ја прегрнал, потоа се обидел неколку пати да ја бакне, а на крајот ја фатил за градите.

Челниците на Ролан Гарос поради овој инцидент му ја одземале акредитацијата и му забраниле пристап до комплексот во Булоњската шума.

„Неговото однесување беше примитивно и за жал ги рефлектираат односите помеѓу мажот и жената кои постојат во секојдневниот однос. Да не вршевме пренос во живо ќе го удрев“, рекла новинарката Мали Томас.

Хаму има 21 година, во моментов се наоѓа на 287 место на АТП листата, а во првото коло на Ролан Гарос загуби од Пабло Куевас со 6:3, 6:2, 6:4.

Тој од организаторите на турнирот, како талентиран и преспективен француски тенисер, доби специјална дозвола за настап, но по инцидентот веројатно никогаш нема да добие втора шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…