Шест сезони, огромни суми и неуспеси во Европа, мадритските медиуми имаат омилен непријател…
Шпанските медиуми едвај ја дочекаа елиминацијата на Манчестер Сити, јасно поради Пеп Гвардиола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Малку е да се каже дека не е омилен во Кастиља бидејќи го водеше еден од најсилните тимови на Барселона во историјата, а освен тоа јасно истакнуваше и поддршка за независност на Каталонија.
„Марка“ денес прецизно пресмета колку Гвардиола потрошил од заминувањето од Барселона и никогаш не стигнал до финале во Лигата на шампионите. Играше полуфиналиња со Баерн и Сити, освојуваше национални титули, но она поради што беше доведен не го направи.
Додуша за разлика од другите Пеп не бара оправдувања, после три години во Минхен го прогласи својот престој за неуспешен иако доминираше во Германија, а освои и титула во Англија, меѓутоа изостана трофејот во најелитното европско натпреварување.
Пеп ќе потсетиме, после трофејниот период со Барселона си зема една година одмор пред да седне на клупата на Баерн. Три пати беше шампион на Германија, два пати го освојуваше купот, но во Лигата на шампионите застануваше ов полуфиналето.
Во Сити има два Лига купа, еден оваа и еден минатата година и сега елиминација во четвртфиналето. Минатата година Пеп изгуби од Ливерпул во четвртфиналето, a во првата беше запрен во осминафиналето.
Гвардиола за шест години од заминувањето од Барселона потроши 800 милиони евра на засилувања.
Во Баерн ги купи: Геце, Тиаго, Видал, Бенатија, Даглас Коста и потроши околу 200 милиони.
Како тренер на Сити потроши многу повеќе, околу 600 милиони евра.
Имено, во првата година ги доведе: Гундоган, Стоунс и Габриел Жесус, за во наредната да пристигнат: Бернардо Силва, Кајл Вокер, Едерсон, Менди, Лапорт, Данило.
Минатото лето не купуваше многу, додведе беше Марез за 67 милиони евра, но вкупно потрошена е огромна сума која на крајот се покажа како недоволна…