Дома Трансфер зона Готово е: Играчот на Баерн Минхен пронајде нов клуб!

Готово е: Играчот на Баерн Минхен пронајде нов клуб!

Како што пренесуваат бразилските медиуми, искусниот десен бен на Баерн, Рафиња во јули ќе ги засили редовите на Фламенго.

Веќе некое време е познато дека 33-годишниот Бразилец ќе ги напушти редовите на Баерн на лето, по завршувањето на договорот. Сега е познато и каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи договорил двегодишна соработка со екипата од Рио.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двете страни веќе некео време се во преговори, но сега конечно е постигнат и договор. Рафиња од 2005. година е во Европа, а дресот на Баварците го брани од 2011. година.

Тој ќе стане петотто засилување на Фламенго во тековната година, бидејќи пред него во клубот пристигнаа квалитетни засилувања како Родриго Каја, Араскате, Бруно Енрике и Габигол, кој е во клубот на позајмица од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …