Еминентниот француски весник „Екип“ потврди дека Цеск Фабрегас е многу блиску до трансфер во Монако.
Весникот тврди дека сите детали се договорени и дека Фабрегас во наредните денови ќе пристигне во „кнежевството“ на медицински прегледи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанецот ќе потпише договор со Монако до 2022 година и треба да му помогне на Анри да избори опстанок во лигата оваа сезона.
Договорот на Фабрегас со Челзи истекуваше на крајот на сезоната, па Шпанецот ќе си замине шест месеци порано за симболична сума.
За него силен интерес покажуваше и Милан, но плејмејкерот го избра Монако поради одличните односи со Тиери Анри.