Дома Фудбал Лига на шампиони Готово: УЕФА донела конечна одлука за финалето во Лигата на шампионите!

Готово: УЕФА донела конечна одлука за финалето во Лигата на шампионите!

Изгледа дека е веќе сигурно, реномираниот „Скај Спорт“ објави дека УЕФА донела конечна одлука за местото каде што ќе се игра финалето во Лигата на шампионите.

Имено, како и што се најавуваше Истанбул нема да биде домаќин, а финалето ќе се игра на „Драгао“ во Порто. Според информациите на „Скај“ ова е конечна одлука на УЕФА.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Причината поради која Челзи и Манчестер Сити нема да играат на „Ататурк“ стадионот во Истанбул е ситуацијата со коронавирусот во Турција.

Се шпекулираше дека мечот може да се игра на „Вембли“ затоа што во прашање се две англиски екипи, сепак тоа нема да се случи. Многу брзо се очекува и официјалната потврда од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…