Шпанските медиуми добиле информација од извор близок до Реал Мадрид дека Антонио Рудигер ќе го засили гигантот како слободен играч следното лето.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пријателите на Рудигер разговарале со медиумите и кажале дека Германецот ќе потпише во јануари преддоговор со „кралевите“.




Дефанзивецот одби да го продолжи договорот со Челзи, кој истекува на крајот на сезоната, па од 1 јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.




Според медиумите кои се блиски до Реал Мадрид Рудигер донел конечна одлука и кариерата ќе ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“.




Рудигер за пет дена ќе има можност да потпише договор со Реал и потоа на 1 јули ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.