ПСЖ постигна договор со Осман Дембеле и е спремен да ја плати откупната клаузула, пренесуваат француските медиуми.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни беа прекинати.
ПСЖ ја искористи таквата ситуација и постигна договор со Французинот, а веќе ја известиле Барселона дека ќе ја платат откупната клаузула од 50 милиони евра.
Дембеле лекарските прегледи ќе ги мине во Лос Анџелес и ќе стави потпис на 5-годишен договор со ПСЖ.
🚨 Ousmane Dembélé will sign a 5 year contract at PSG. 📝
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2023
The medical should take place in Los Angeles. 🇺🇸🩺
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/ruoxQ7fxEK