НЕЈМАР (31) по шест години го напушта ПСЖ, каде стана најскапиот фудбалер во историјата.
“Нејмар договорил се со Ал Хилал во врска со условите на двегодишниот договор. Во тек се финални преговори помеѓу ПСЖ и саудискиот клуб во Париз околу обештетувањето. Сигурно е заминувањето на Нејмар од ПСЖ”. Ова вчера го објави париски L’Equipe. Синоќа бразилскиот медиумски гигант Глобо откри нови детали од историскиот договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар собори уште еден финансиски рекорд
Нејмар за две сезони во Арабија ќе добие 320 милиони евра. И ПСЖ ќе инкасира добро. Ал Хилал ќе му плати отштета од 100 милиони евра. Нејмар на тој начин поставува уште еден финансиски рекорд.
Тој станува најскапиот играч во историјата за клуб надвор од Европа. Саудискиот клуб веќе резервирал термин за лекарски преглед на Нејмар за денеска во Париз, а Глобо од опкружувањето на играчот бил информиран дека Ал Хилал подготвува спектакуларна презентација на историското засилување за среда.
Доцна синоќа трансферот го потврди и Фабрицио Романо.
Тој напиша дека трансферот е договорен и се закажани медицински прегледи. Нејмар ќе потпише двегодишен договор.