Дома Трансфер зона Готово: Манчестер Јунајтед ја активира клаузулата во договорот на Матиќ

Готово: Манчестер Јунајтед ја активира клаузулата во договорот на Матиќ

Манчестер Јунајтед потврди дека ја активирал клаузулата за автоматско продолжување на договорот на Немања Матиќ.

31-годишниот играч за врска на почетокот не добиваше минутажа кај Солскјер, но во последно време се избори за место во стартниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матиќ беше на излезна врата од „Олд Трафорд“ во јануари и се очекуваше сигурно да замине на крајот на сезоната, но се сличи пресврт на целата ситуација.

Неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, но „црвените ѓаволи“ имаа опција за автоматско продолжување на уште една година и ја активираа клаузулата, односно до јуни 2021 година.

Притоа, од клубот потврдија дека започнале преговори за додатно продолжување на договорот со Матиќ за уште една година, односно до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…