Според информациите кои ги пласира „Газета дело Спорт“, Златан Ибрахимовиќ донел одлука и ќе го напушти Милан на крајот на сезоната.
Но, Ибрахимовиќ нема да ја заврши својата кариера и најверојатно ќе се врати во Шведска каде ќе го облече дресот на Хамарби.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ибра ќе остане фокусиран до крајот со Милан за да избори пласман во европските натпреварувања и го уверил раководството дека ќе даде се од себе.
Швеѓанецот стигна во Милано на крајот на јануарскиот преоден рок, а одигра 10 меча и постигна четири голови и една асистенција со што покажа дека и на 38 години може да игра на врвно ниво.
Prima l’Europa, poi arrivederci. E #Ibrahimovic vuole giocare subito https://t.co/5kSzlgjrwo #serieA #premium
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) June 13, 2020