Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Мемфис Депај се согласил на условите кои му ги понудила Барселона.
Откако Роналд Куман ја превзема Барселона се појавија информации дека Каталонците сакаат да го доведат Депај од Лион. Пред неколку дена „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона и Депај се договориле и дека сега се чека само договор помеѓу клубовите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот новинар Фабрицио Романо сега објави дека Барселона и Лион се договориле и повеќе нема пречки за Депај да се пресели на „Камп Ноу“.
Депај со Барселона ќе потпише договор до 2024 година, а Лион од трансферот ќе заработи вкупно 32 милиони евра. Барса веднаш ќе плати 25, пет ќе бидат исплатени во наредната сезона, а уште два преку разни бонуси.
Се очекува до крајот на оваа недела Депај да биде претставен како нов играч на Барселона.
Barcelona will end up signing Depay – final fee €30m [add ons included as per @MikeVerweij]. The first official bid will be accepted by OL. Personal terms already agreed days ago. #MUFC never been interested in matching the bid. Koeman spoke with Memphis last week. ? #FCB https://t.co/iLtcHGhPrM
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 14, 2020