Манчестер Сити изгледа ја заврши работата со капитенот на хрватската репрезентација до 19 години, Анте Палаверса.
Момчето од Сплит, играч на Хајдук е долго време цел на скаутите од Манчестер и најверојатно ќе потпише договор и уште 18 месеци ќе остане на „Пољуд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Висината на трансферот е околу 6 милиони евра, со бонуси Хрватите би можеле да земат 7,5. Се очекува Палаверса да го замени Фернандињо во блиска иднина, Бразилецот има 33 години и Пеп бара алтернатива.
Сити од другата страна ќе го загуби својот млад играч Раби Матонда кој одби да го продолжи договорот со клубот, бара да си оди и би можел за околу 12 милиони евра да се пресели во Шалке.
Матондо има 18 години, игра за Велс, од Кардиф пред две години пристигна во Сити, а интересно е тоа што неговиот татко бил репрезентативец на Конго.