Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен.
Според информациите, Зидан има договор и недостасува само потписот и работата да биде официјализирана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен се поврзуваше со неколку имиња, а откако отпаднале Чаби Алонсо и Нагелсман кој денес го продолжи договорот со Германија, Зидан бил најголемата желба.
„Двете страни ги сметаат преговорите за завршени. Зидан ги претставил своите замисли и побарал засилувања, посебно во одбраната“, објави „Мундо Депортиво“.
Претходно и се најавуваше дека Зидан за помошник ќе го има својот сонародник, Франк Рибери кој голем дел од животот помина во Германија и така би му помогнал околу адаптацијата.