По долга потрага, Баерн Минхен неодамна го потврди Винсент Компани на клупата како наследник на Томас Тухел, а сега споредп оследните информации гигантот од Минхен е блиску и до засилување вредно 45 милиони евра.
Баерн би можел да се засили во Жоао Палиња од редовите на Фулам кој игра и за репрезентацијата на Португалија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информациите се дека баварците веќе ги договориле личните услови со фудбалерот и сега би требало да се интезивираат преговорите помеѓу клубовите, а првичните разговори веќе биле направени.
Палиња и минатото лето се поврзуваше со Баерн, но тогаш не дојде до реализација на трансферот.