Дома Македонски спорт Господине Сергеј – довидување и БЛАГОДАРИМЕ!

Господине Сергеј – довидување и БЛАГОДАРИМЕ!

Денес преку официјално соопштение Сергеј Самсоненко потврди дека го напушта и ФК Вардар, клубот ќе биде вратен на Град Скопје.

Ова практично значи и целосно повлекување на Самсоненко од македонскиот спорт. Самсоненко долги години вложуваше во македонскиот спорт на ракометарите им ги обезбеди сигурно едни од најдобрите услови во Европа, а подоцна дојдоа и големите успеси, Вардар два пати стана европски шампион. Тука не треба да го заборавиме и ЖРК Вардар кој исто така беше блиску до европска круна, но сепак за жал немаа среќа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И ФК Вардар не остана без успех, црвено-црните го остварија најголемиот успех во поновата македонска фудбалска историја – се пласираа во групната фаза од Лигата на Европа.

Во јавноста кружеа разни шпекулации и обвинувања дека Самсоненко започнал да се впушта во некакви политички игри кои не треба да се мешаат во спортот. Меѓутоа тоа се теми и работа за некои други, наша задача е да го следиме спортот, а на тој план не можеме да кажеме дека Сергеј не направи многу.

Затоа преку овој краток текст сакаме да му се заблагодариме за она што ни го овозможи, затоа што без него кој знае дали ќе се радувавме на европските титули на РК Вардар и европските натпревари на ФК Вардар.

Господине Сергеј, дефинитивно заслуживте едно големо благодарам од македонската спортска јавност! Благодариме и среќно!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…