Бразилецот Хуан Фелипе кој во зимскиот преоден рок се врати во редовите на Вардар доби подарок од македонската фудбалска икона Горан Пандев.
Македонскиот репрезентативец капитен, Горан Пандев изминатиот викенд испиша историја во италијанската Серија А, откако влезе во игра против Фросиноне.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа за Горан Пандев беше точно 400-от настап во Серија А со тоа стана само шестиот странец со вакво остварување во фудбалска Италија.
Пандев неодамна доби италијанско државјанство, а против Фросиноне успеа да се запише во историјата и да им се приклучи на Самир Хандановиќ, Марек Хамшик, Хозе Алтафини, Курт Хамрин и Хавиер Занети.
Македонскиот капитен речиси цела своја кариерата настапува во Италија, освои се што можеше да се освои во Серија А со настапите за Интер, Лацио, Наполи и Џенова каде сака да ја зврши кариерата.
Пандев до Фелипе испрати негов дрес од Џенова, а повратникот во Вардар на социјалните мрежи го искажа своето воодушевување.
„Чест е да се добие подарок од асот на теренот и надвор од него, идол каде и да е, ти благодарам феномену“, гласеше пораката под фотографијата на Фелипе.