Дома Фудбал Останато Гонзало Игуаин става крај на кариерата?

Гонзало Игуаин става крај на кариерата?

Аргентинскиот напаѓач и сегашен член на Мајами, Гонзало Игуаин најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на календарската 2022 година на 34 години.

Таква најава за аргентинските медиуми даде неговиот татко Хорхе кој со тоа ја згасна надежта на навивачите на Ривер Плата дека „Пипита“ би можел да ја заврши кариерата во матичниот клуб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Договорот на Игуаин со МЛС тимот истекува на крајот на годината и како што стојат работите тој ќе стави крај на играчката кариера. Прославениот аргентински напаѓач во текот на кариерата после Ривер го носеше дресот на бројни големи европски клубови. Шест години помина во Реал Мадрид, потоа се пресели во Наполи каде што се задржа три години за во 2016 да потпише за Јувентус.

Додека беше во Јувентус на два пати „старата дама“ го испраќаше на позајмици во Милан и Челзи. Во редовите на Интер Мајами пристигна во 2020 година. За репрезентацијата на Аргентина одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…