Во фудбалското првенство на Чиле се постигна гол кој има големи шанси да влезе во Гинисовата на книга на рекорди.
Голманот Леандро Раквена од својот петерец го совлада колегата од Коло-Коло на спротивната страна во натпреварот кој неговиот Кобресал го доби со 3:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не е потврдено, но чилеанските медиуми пренесуваат дека голот е постигнат од 101 метар, а досегашниот рекорд поставен во 2021 го држи Том Кинг кој постигна гол од 98 метри.
⚽⚪🟠 El primer gol arco a arco del #CampeonatoBetsson
— TNT Sports Chile (@TNTSportsCL) March 18, 2023
Así fue la anotación de Leandro Requena desde su propia puerta y que dejó a Brayan Cortés quieto, provocando el error del portero albo en el #CSLvsCCxTNTSports. pic.twitter.com/HDL2K22QnS