Дома Фудбал Голманот на Баерн за киксот на кариерата: Не знам ниту самиот да објаснам како…

Голманот на Баерн за киксот на кариерата: Не знам ниту самиот да објаснам како…

Долго после завршувањето од реваншот во полуфиналето Свен Улреих не сакаше да оди во соблекувалната. Остана на теренот таму каде што завршија нивните соништа за финале…

Улреих направи голем кикс по повратната топка од Толисо и така им овозможи на „кралевите“ да стигне до предност од 2:1.

„Не можам да пронајдам зборови да опишам колку сум разочаран. Очајнички сакав да играме во финалето, дадовме се од себе, а потоа се случи таа грешка. Моја грешка. Како, не можам ниту самиот да објасни. Жал ми е за соиграчите и навивачите“, напиша Улреих на својот Инстаграм профил.

Овој кикс сигурно е најголем и најтежок во кариерата на голманот кој оваа сезона го менува повредениот Мануел Ноер на голот на Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…