Дома Македонски спорт Голем успех: Калин Ивановски го освои првиот сениорски трофеј!

Голем успех: Калин Ивановски го освои првиот сениорски трофеј!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра одличен меч во финалето на турнирот во Тунис и го доби со 2-1 во сетови против Азиз Кијаметовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кијаметовиќ го освои првиот сет со 6-4, но потоа македонскиот тенисер врати со иста мера (6-4) и израмни на 1-1.

Иако многумина очекуваа голема битка во последниот сет, сепак тоа не се случи затоа што Македонецот блескаше на теренот.

Ивановски немаше милост за ривалот од БиХ и ги искористи неговите грешки за да го освои последниот сет со 6-1 и така се закити со трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…