Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ќе пропушти неколку недели поради повреда.
Де Брујне ба гостувањето кај Барнли мораше да го напушти натпреварот во 22. минута пред да биде заменет со Матео Ковачиќ, а Пеп Гвардиола откри што се случило:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За жал, тој беше повреден. Ми кажа дека е истиот проблем како во финалето на Лигата на шампионите. Се опорави, но сега го изгубивме некое време.
Треба да почекаме малку, да видиме што понатаму со лекарите и физиотерапевтите. Мора да се опушти, да се опорави и да се врати. Се чувствуваше многу добро“, рече Гвардиола во изјавата за Скај Спорт.
Де Брујне летово не мораше да оди на операција, но затоа интензивно одмараше пред да се пријави за стартот на подготовките.
Како што сега стојат работите, тој речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Европа со Севиља во среда, како и натпреварите од Премиер лигата против Њукасл, Шефилд Јунајтед и Вест Хем.