Многу често сме сведоци на големи промени во тениските натпревари, посебно во женска конкуренција.
Сепак, она што се случи на ИТФ турнирот во Сандерленд е навистина неверојатно. Имено британската тенисерка Тата Мур успеа да стигне до победата откако губеше со 6:0 и 5:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мур играше против Французинката Џесика Покет која имаше огромна предност и меч топка против Британката. Потоа следуваше голем пресврт, 479-тата тенисерка на светот успеа да го добие вториот сет со 6:7.
Третиот сет Британката го освои со 6:3 и стигна до голема победа. Најголемиот успех 479-тата тенисерка во кариерата беше второто коло на Вимблдон во 2016 година.
После мечот таа се пошегува со пораката: Никогаш не се сомневав дека ќе победам.
This is how close @TaraMoore92 was to getting double-bagled today VS Ponchet…Saves the MP and wins in three sets.Match point saved with a net cord winner on the line, talk about EPIC. (GIF via TF) pic.twitter.com/k7O1wIwFbB
— Paps (@DatGoneIt77) April 9, 2019