Дома Фудбал Англија Голем потег на Милнер: Само тој вчера навиваше за децата на Ливерпул, одржал и говор

Голем потег на Милнер: Само тој вчера навиваше за децата на Ливерпул, одржал и говор

Ливерпул вчера во реванш натпреварот го победи Шрусбери со 1:0 и така се пласираше во осминафиналето на ФА Купот.

Тука немаше да има ништо чудно ако „црвените“ овој натпревар не го играат со играчите од тимови до 19 и 20 години, а покрај тоа на клупата на не беше ниту Јирген Клоп. Причината за ваквата ситуација е одморот кој Клоп им го ветил на играчите, Германецот не сакал да им ги расипе плановите поради непланираниот натпревар. Познато е дека во ФА Купот се игра реванш ако првиот натпревар заврши нерешено, па во клубот очекуваа работата со Шрусбери да ја завршат во еден натпревар, сепак тој заврши 2:2.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И додека Фабињо и Роберто Фирмино беа на Малдивите со сопругите, Салах дома, Лалана во Мајами…Џејмс Милнер одлучи да остане во Англија и да навива за децата на Ливерпул против Шрусбери.

Камерите го забележаа вчера на „Енфилд“. Милнер седеше во првиот ред зад клупата со играч ина Ливерпул, ги бодреше и учествуваше со совети. Тренерот Нил Кричли откри дека Милнер го прашал дали може да им одржи говор на играчите пред натпреварот, Кричли му дозволи.

„Им даде на играчите некои совети, беше полн со респект кон нив и максимално професионален. Секоја чест“, изјави Кричли после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…