Дома Останати Тенис Голем подвиг: Руд ќе игра против Медведев за финале!

Голем подвиг: Руд ќе игра против Медведев за финале!

Норвешкиот тенисер Каспер Руд денес се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Торино откако го победи петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев со 6:2, 5:7 и 7:6.

Осмиот играч во светот победи после два часа и 23 минути игра. Рубљев во првиот сет и поведе во мечот. Добро го започна и вториот сет, направи брејк со 2:1, а Руд веднаш во наредниот гем го врати брејкот и изедначи. Потоа освојуваа гемови на свои сервиси до 12. кога Норвежанецот повторно направи брејк и изедначи во мечот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајцата во третиот сет направија по еден брејк и се играше тај-брејк кој Руд го доби со 7.5 и првпат во кариерата ќе игра полуфинале на завршниот турнир.

Во сабота тој ќе игра против рускиот тенисер Данил Медведев. Во второто полуфинале играат Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…