Во претходните денови се крена многу прашина откако 12 клубови се решија да формираат ново натпреварување, Суперлига.
Претседател на Суперлигата ќе биде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој е главниот заговорник на оваа идеја. Перез за првпат јавно зборуваше за се што се случува и објасни зошто се решиле на ваков чекор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Првпат сум тука, а веројатно ќе биде и последен. Големите клубови во Англија, Италија и Шпанија мораа да најдат солуција да ја решат оваа ситуација. Дојдовме до заклучок дека ако ја замениме Лигата на шампионите со Суперлигата би можеле да ги намалиме расходите, а да ги зголемиме приходите. Големите клубови во Италија, Шпанија и Англија одлучија да се обединат и да се спротистават на загубите предизвикани од коронавирусот“.
„Изгубивме многу пари. Затоа одлучивме да направиме ново натпреварување кое ќе биде замена за Лигата на шампионите. Целта на тоа натпреварување е да ги вратиме изгубените пари и финансиски да се опоравиме. Фудбалот поминува низ тежок период, па одлучивме да формираме нова лига. Морате да направите натпреварување со силни клубови за приходите да бидат поголеми. Тука во Реал изгубивме многу пари и баравме начин како да ги вратиме. Реал Мадрид сезонава изгуби 400 милиони евра и никој не направи ништо поради тоа“.
„Економската ситуација е лоша за европските клубови. Во овие две сезони изгубивме околу пет милијарди евра. Фудбалот напредува како и се во животот. Овој спорт почна да губи фанови, сопствениците на ТВ правата станаа алчни и нешто мораше да се направи ако не сакавме сите да бидеме уништени. После 20 години некои промени мораше да има. Сметам дека ќе се изгубеше натпреварувачкиот дух ако не дојдеше до ваква промена“.
„Идејата за формирање на Суперлигата не е само моја. Тоа е идеја на сите претседатели на сите клубови учесници. Сите тие се мои добри пријатели. УЕФА е против Суперлигата. Ова не го правиме само поради пари, го правиме за спас на фудбалот. Сакаме што повеќе големи натпревари, во нив може да се заработи. Многумина зборуваат дека ова е натпреварување само за богатите, но не е вистина. Ако има пари тоа е добро, ќе можеме да доведеме многу играчи, но мораме да се усогласиме со останатите клубови“.
„Натпреварот Манчестер – Барселона ќе биде многу повеќе атрактивен од дуелот на Манчестер против некој послав ривал. Ова ќе биде турнир отворен за сите. Секако, свои места ќе имаат оние кои заслужиле, но ќе биде отворен и за други тимови“.
„Спремни сме на разговори со ФИФА и Европската унија. Не ми е јасна нивната реакција. Се што објавивме во официјалното соопштение е прецизно и јасно. Ние од УЕФА немаме доволно приходи, а тие ни се навистина потребни. Сакаме да го спасиме фудбалот во наредните 20 години. Суперлигата може тоа да го направи. Ако ја освоиш Лигата на шампионите ќе добиеш 120 или 130 милиони евра, со победа во Суперлигата екипите ќе добиваат многу повеќе“.
„ФИФА исто така е класичен пример за монопол. Нивните работи не се транспаренти. Не гледам што лошо направивме. Во 2000 година дојдов да го спасам Реал Мадрид и тоа го направив, денес сум тука да го спасам фудаблот. Реал Мадрид ќе го заврши својот настап во Лигата на шампионите. Никој не може да не исфрли, иста е и ситуацијата со ЛА Лига. УЕФА уништо многу клубови, на монополот мораше да да дојде крајот“.
Сепак тој е спремен на преговори.
„Сакаме преговори што побрзо. ФИФА и УЕФА не треба да бидат лути. Знам дека сум претседател на ова натпреварување, не знам до кога ќе ја извршувам таа функција. На проектот работам подолго време, секој претседател потпиша договор и никој не може да го напушти натпреварувањето. Се е направено со договор“, изјави Перез.