Жозе Мурињо е без клуб шест месеци. Не му годеше престојот во Манчестер Јунајтед, таа епизода не беше за негово „долго сеќавање“, но покрај тоа Мурињо се уште привлекува големо внимание. Секој негов збор се следи, секоја негова проценка и оценка се мерат, се слуша кого ќе пофали или искритикува…
Во големото интервју за португалски „ДАЗН“ Мурињо зборуваше за Манчестер, Премиер лигата, Интер, Лига на шампионите…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога завршив со Реал се вратив во Лондон. Сега ситуацијата е малку поинаква, сега сум на нов почеток. Мојот нов почеток нема да биде во Премиер лигата“, откри Мурињо.
Најдобрата препорака за новата работа како што кажа му се трофеите.
„Трофеите се моја гаранција, иако има такви кои се трудат тоа да го заборават. Мојот последен трофеј беше Лигата на Европа пред само една година. Последното финале го играв пред осум месеци. Но, сето тоа е само минато, сега гледам напред. Овие месеци без работа, први после 18 години ми беа од голема корист“.
За времето во Интер…
„Во Интер пронајдов неверојатно семејство кое секој ден ме правеше среќен. Мојот однос со навивачите беше последица на добар резултат, кога победуваш сите се задоволни. Освоивме многу и создадовме хемија меѓу нас која се уште постои. И денес во Лондон сретнувам интеристи кои сакаат да ме прегнат“.
За победата против Барселона во полуфиналето…
„Пред натпреварите со Барселона на играчите им зборував од срце. Им кажав дека мојата прва Лига на шампиони ја освоив кога мојат син имаше четири години. Таа сезона мојот син ми кажа дека повторно сака да го освојам тој трофеј, за сега кога е постар да може да го памети. Тогаш зборувавме за децата на сите играчи, за многумина тоа беше последна шанса нивните деца да ги видат како ја освојуваат Лигата на шампионите. Со тоа чуство излеговме на терен и затоа можевме да играме и пет часа, Барселона никогаш немаше да не победи“.