Паоло Дибала оваа сезона е еден од најдобрите поединци на Јувентус, па Аргентинецот сега доби пофалби од еден од најголемите играчи во историјата на „старата дама“, Алесандро Дел Пиеро.
Иконата на Јувентус и италијанскиот фудбал смета дека токму оваа година може да биде година на Дибала кој на грбот во дресот на Јуве ја носи неговата легендарна „десетка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дибала е фантастичен фудбалер секоја година е се подобар. На стартот на оваа сезона покажа за каков фудбалер се работи, потоа следуваше повредата, но со голот против Тотенхем, но и оној против Лацио во Рим докажа дека се врати во вистински момент за Јувентус. Тој е фудбалер кој поседува голем талент, забележувам дека расте со секоја минута помината на теренот. Можеби токму оваа година е негова“, изјави Дел Пиеро.