Ѕвездата на Удинезе и аргентински репрезентативец, Родриго де Паул е блиску до трансфер во Лидс, пренесуваат италијанските медиуми.
Де Паул веќе неколку сезони е меѓу најдобрите поединци во Серија А и за него силен интерес покажуваат Интер и Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Лидс ќе успее да го „украде“ Аргентинецот пред носот на италијанските гиганти и веќе испратил понуда од 35 милиони евра.
Марсело Бјелса одлично го познава својот сонародник и сака да го има во својот тим, па веќе го убедил да ја прифати понудата на Лидс.
Де Паул треба да биде второто големо засилување за новиот Премиерлигаш после доаѓањето на Родриго од Валенсија.
#Calciomercato | #PremierLeague, #Leeds affondo per #DePaulhttps://t.co/pWz7E4PNic
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 30, 2020