Екипата на Шкендија денес одигра реми 3:3 во натпревар со дански Рандерс.
Стрелци на головите за Шкендија беа Агим Ибраими (два) и Арменд Алими. Шкендија на 18 минути пред крајот имаше два гола негатива и изгледаше дека тетовци ќе доживеат пораз. Сепак, набрзина со два гола во шест минути стигнаа до изедначување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До водство Рандерс стигна во шестата минута, Ибраими изедначи од пенал. Ново водство за данскиот тим донесе Камара после половина час игра. За 1:3 се погрижи Кехинде кој постигна убав гол од 16 метри.
Реми на Шкендија и донесоа Алими со гол во 72. минута и Ибраими со вториот на десетина минути пред крајот.