Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт го прегази Мемфис, Јанис го водеше Милвоки до триумф 🎥

Голден Стејт го прегази Мемфис, Јанис го водеше Милвоки до триумф 🎥

Голден Стејт стигна дои убедлива победа од 142:112 во полуфиналната серија на Западната конференција против Мемфис.

Со овој триумф Вориорси поведоа со 2:1 и следниот натпревар ќе го играат дома. Најефикасен во нивните редови беше Стеф Кари со 30 поени, Џордан Паул постигна 27 поени, а Клеј Томпсон 21. Најдобар кај Мемфис беше Џа Морант со 34 поени. Морант натпреварот го заврши предвреме поради повреда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со 2:1 во серијата поведе и Милвоки против Бостон. На домашен терен во неизвесен натпревар славеа со 103:101. Победата ја донесе Ал Хорофорд со поените во последните моменти. До победата Милвоки беа предводени од Јанис Антетокумпо со 42 поени и 12 скока, а само уште две асистенции му недостигаа за трипл-дабл. Џејлен Браун со 27 поени беше најрасположен кај Селтикс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доминација: Јокиќ направи нешто што не му успеало на никој друг во НБА

Српската НБА ѕвезда, Никола Јокиќ оствари уште едно големо достигнување во НБА лигата. Име…