Голгетерката на ЖФК Каменица Саса, Ана Димитровска потпиша нов договор.
Договорот на Димитровска е со важност до 30.06.2023 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Денес нов договор со клубот потпиша Ана, која е рекордер по постигнати голови за нашиот клуб, прва на листата на стрелците оваа полусезона во Прва Женска Фудбалска Лига со постигнати 43 голови, една од капитенките на сениорската екипа, најдобриот централен напаѓач во нашата лига која има огромен придонес за шампионската титула минатата сезона, исто така беше стрелец на голот во Лига на Шампиони против НСА Софија од Бугарија. Честитки“, објавија од ЖФК Каменица Саса.