Миласкиот гигант Интер во последно време работи одлично со привлекувањето на слободни агенти, а тоа може да продолжи и ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, Интер му предложил договор на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, чиј договор со „спарси“ истекува на лето.
Нема најави дека Белгиецот ќе го продолжи договорот со Тотенхем и најверојатно ќе го промени клубот како слободен агент.
Интер веќе доставил понуда до неговиот агент и моментално „нероаѕурите“ важат како фаворити за неговиот потпис.
Вертонген треба да биде замена за Диего Годин, кој не ги оправда очекувањата и е на излезна врата од „Џузепе Меаца“.