Дома Фудбал Италија Годините не му можат ништо: Буфон и на 40 години на чекор од нов рекорд!

Годините не му можат ништо: Буфон и на 40 години на чекор од нов рекорд!

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон со полни 40 години би можел да постави нов рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус во првите три месеци оваа година не прими ниту еден лигашки погодок, а кога примаше (3:2 против Сампдорија и 3:1 против Верона минатата есен), тоа се случуваше кога Војчех Шчесни е на голот.

Буфон не примил гол цели десет натпревари, 931 минути и ако ја сочува својата мрежа уште 43 минута ќе го собори сопствениот рекорд од сезоната 2015/2016 кога не прими гол 973 минути.

Тогаш гол му даде Андреа Белоти и така ја прекина неговата неверојатна низа. Секако големи заслуги за рекордите на легендарниот голман има и одбраната која ја има пред себе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oва е планот на Инфантино за продажба на ФИФА, секоја држава да добива 15 милиони евра, поврзан е и Трамп

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ја изненади фу…