Швајцарецот Роже Федерер е на чекор да испише нова страница во историјата.
Федерер неодамна стигна до 20 гренд слем во кариерата, а сега е на пат да стане и најстариот тенисер кој бил на првата позиција на АТП листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За ова големо достигнување и нова страница во историјата на тенисот на Федерер му е потребна само една победа. Доколку го совлада Роби Хас во ¼ финалето ќе го замени Рафаел Надал на АТП листата и така ќе го сруши рекордот од 2003 година кој го држи Агаси со 33 години.
„Возбудлив предизвик. Се борев многу за да стигнам до тука. Морав да победам на многу натпревари минатата година. Никогаш не замислував дека после операцијата на коленото можам да стигнам до првото место“, изјави Федерер.
Швајцарецот во 2004 година прв пат беше најдобар на светот, а последен пат на врвот на АТП листата беше во октомври 2012 година.