Македонскиот фудбалер кој го носеше дресот на Силекс, Филип Глигоров доби нов ангажман надвор од границите на нашата држава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Глигоров кој има 24 години од наредната сезона ќе настапува за новиот прволигаш во Романија, Дунареа Калараши.
По потврдата за трансферот „Спортски.мк“ го контактираше фудбалерот кој е оптимист пред новата авантура:
„Одам во клуб кој оваа сезона успеа да се избори за влез во првата лига и не го познавам многу. Но јас сум оптимист и се надевам дека на најдобар начин ќе се вклопам во клубот и ќе придонесам за подобри резултати“, изјави Глигоров
Во досегашната кариера Глигорв на домашно тло настапуваше за Работнички, Еуромил, Шкупи и Силекс, додека кога е во прашање неговата кариера во странство го носеше дресот на Бањик од Словачка и Олимпик Сараев од Босна.