Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер немаат намера да го продаваат клубот поради протестите на фановите, пренесува „Гардијан“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во неделата фановите на Јунајтед влегоа на стадионот и протестираа против раководството, па поради тоа беше одложен мечот со Ливерпул.
Фановите настојуваат семејството Глејзер да го продаде клубот и „црвените ѓаволи“ да добијат нови сопственици.
„Гардијан“ тврди дека американските сопственици воопшто не планираат продажба, па дури имаат долгорична стратегија за да ја зголемат вредноста на Манчестер Јунајтед од 3 милијарди на 7 милијарди фунти.
Семејството Глејзер се сопственици на клубот од „Олд Трафорд“ од 2005 година.
Автор: Петре Кузманоски