Дома Останати Главниот судија објасни зошто Ѓоковиќ е дисквалификуван

Главниот судија објасни зошто Ѓоковиќ е дисквалификуван

Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен, а сега главниот судија Сорен Фримен објасни зошто го дисквалификувале првиот тенисер на светот.

Фримел изјави дека сите се согласуваат дека Новак Ѓоковиќ намерно не го удрил линискиот судија со топка, но дека нема друга опција освен дисквалификација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Постојат два фактора – дејството и резултатот. Дејството, иако немаше намера, доведе до резултат, а тоа е удирање кај судијата и фактот дека таа очигледно е повредена. Овие се суштински фактори за донесување одлука”, рече Фримел.

По дисквалификацијата на Ѓоковиќ, Фримел пред новинарите откри за што разговарал со српскиот тенисер.

„Неговата поента беше дека тој не го удри судијата намерно. Тој рече:Да, бев бесен. Ја удрив топката. Го удрив судијата. Фактите се многу јасни, но тоа не беше мојата намера. Не го сторив тоа намерно и не требаше да го сторам тоа. Ќе бидам дисквалификуван“, открива Фримел.

„Сите се согласуваме дека тој не го стори тоа намерно, но фактите се дека тој ја удрил линиската судијка и дека таа очигледно е повредена“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фановите шокирани од изгледот на Серена Вилијамс (Фото)

На почетокот на 2024 година, најдобрата тенисерка во историјата Серена Вилијамс доби крити…